Азбестот е минато - Поставен нов кров на ООУ „Страшо Пинџур“ во Ѓорче

Завршена е целосната конструкција на кровот во ООУ Страшо Пинџур со површина од 1000 м2 во скопската општина Ѓорче Петров. 

- Во основното училиште „Страшо Пинџур“ направивме значителен чекор за обезбедување безбедна средина за нашите деца! Стариот азбестен кров, кој претставуваше ризик за здравјето, е целосно отстранет во согласност со сите пропишани протоколи.  Наместо тоа, поставивме нова кровна површина од приближно 1000 м², изработена од најсовремени градежни материјали кои обезбедуваат долготрајност, енергетска ефикасност и безбедност, појасни градоначалникот Александар Стојкоски. 

- За нас, грижата за здравјето и сигурноста на нашите ученици е врвен приоритет. Ова е уште еден пример како инвестираме во иднината и создавањето подобри услови за учење. Азбестот е минато – сигурна иднина за нашите деца! - додава првиот човек на општината.