Авторски електроакустичен концерт за деца на композиторката Ана Пандевска ќе се одржи денеска во Музејот на македонската борба.
За прв пат интегрално ќе се изведе нејзиниот циклус „Во светот на чудата“ за пијано и фиксен медиум, а во изведба на малите и веќе добро познати пијанистки Ана и Ивана Мазнејкови.
Станува збор за електроакустична музика чија програмност е инспирирана од најпознатите цртани филмови на Волт Дизни, на концертот ќе се изведат вкупно 16 пиеси за пијано и фиксен медиум.
Првиот дел од циклусот е напишан во 2018 година, а вториот дел, последните осум пиеси ќе бидат со премиерна изведба, напишани годинава.
За прв пат публиката ќе има можност да присуствува на концерт со авторска електроакустична музика напишана за деца и во изведба на деца.
Влезот е бесплатен, а проектот е дел од годишната програма на Министерство за култура за 2022 година.