Автопатот Кичево-Охрид се очекува да биде завршен до крајот на годинава, Прилеп-Битола до 2029-та

Обезбедени се дополнителни 175 милиони евра за завршување на автопатот Кичево–Охрид, информираше вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски.

Тој посочи дека, и покрај дилемите за прекин на проектот, одлучено е работите да продолжат за да се избегнат нови одложувања, со цел автопатот да биде завршен до крајот на годината.

Николоски додаде дека напредува и изградбата на автопатот Прилеп–Битола, каде првите километри се очекува да бидат пуштени следната пролет, а целосното завршување е планирано до 2029 година, со можност и пред рокот.

Во однос на железничката пруга кон Грција, тој посочи дека засега нема обезбедено средства и не се планирани активности во скоро време.