Автомобилски трки на Водно

Ридско-автомобилска трка ќе се одржи на Водно на 9 и 10 јуни во организација на АКК Примо авј Пролет. Трката ќе се бодува во државниот шампионат.

Двете тренинг сесии се предвидени за сабота од 10 часот, а во недела по Свечено отворање на натпреварот од 11 часот, ќе се возат првата и втората трка кои ќе носат пласман.

Стартот се наоѓа пред влезот на ИЗИС, а целта пред патот за Хотел Водно. Пријавени се околу 30-ина натпреварувачи од Македонија, кои ќе бидат поделени во седум класи според моќноста на возилата.