Автомобилска турканица кај Клинички центар (ФОТО)

Невиден сообраќаен хаос владее пред главниот влез на Клиничкиот центар во Скопје, а уште повеќе во самиот круг на оваа најголема здравствена установа во земјава. 

Фото: Фејсбук

Главната улица која води кон двата ургентни центри, едниот на Хирургија и другиот на Интерните клиники, редовно е блокирана со паркирани автомобили од левата страна, па возилата на брза помош тешко се пробиваат. Иста е ситуацијата и на улицата која води кон Кардиологија.Секој се паркира каде што ќе најде место, особено кога главниот и споредните помали паркинзи ќе се пополнат, а што се случува уште рано наутро.