Автомобили, мотори, електрични тротинети - Кејот 13 Ноември стана прометна улица

Автомобили се разминуваат во двата правци како на секоја нормална улица, а други, пак, си наоѓаат паркинг-место под сенките. Мотори и електрини тротинети, стануваат една сосема нормална слика. 

Град Скопје никако да го реши овој проблемот на Кеј 13 Ноември. Со години плочникот останат како пешачка патека од летните тераси на кафулињата е претворен во паркинг или пак улица.

Возила слободно влегуваат на кејот и преку ден и навечер и се паркираат кај ќе стасаат. Освен возила шеталиштето е блокирано секојдневно и од камиони за дотур на роба. 

Незаконското паркирање на кејот од двете страни на Вардар трае со години и никој ништо не презема.