Автомобил влетал во полн паб со гости во Велес, има повредени

Синоќа после полноќ автомобил влетал во градската пивница „Паб“ во центарот на Велес, а една жена е полесно повредена, пренесува порталот ММС

– Вакво нешто немам видено досега. Седевме во пабот, се беше мирно и одеднаш залетан автомобил влезе во кафулето. Го искрши инвентарот кој стоеше надвор, а една жена заврши со лесна повреда, но не е страшно. Другите сме добри, рече за ММС девојка која внатре седела со друштво.

Се очекува МВР денес да излезат со детали околу инцидентот. 

Фото: ММС