Автомобил удрил во бетонски столб од куќа во Кичево - две лица се повредени

Вчера во 13:20 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на улицата „Влашки пат“ во Кичево, патничко возило „форд“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(44) од кичевското село Шутово, удрило во бетонски столб од куќа.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 71-годишната сопатничка Љ.М. од Шутово, додека сопатникот С.М.(75) од Шутово, се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Кичево, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.