Автомобил удри во жена со велосипед во Аеродром

Во скопската населба Аеродром предмалку автомобил удри во жена со велосипед.

Засега не е познат нејзиниот идентитет, но она што може да се види од фотографиите е дека таа е повредена, а на местото на настанот веднаш пристигнала Брза помош.

Се очекуваат детали.