Автомобил удри во пешак: Со тешки повреди пренесен на Клинички, повредени и други две жени од истото возило

Три лица се повредени од кои едно потешко во сообраќајна несреќа која се случи вчера во 16,15 часот на улицата “1“ во село Стајковци.

Од полицијата информираат дека патничко моторно возило “Фиат стило“ со скопски регистерски ознаки управувано од А.Т.(55) од село Бунарџик, скопско удрило во пешак З.П.(56) од село Стајковци, скопско.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот и е пренесен во комплекс клиники “Мајка Тереза“. Со телесни повреди се здобиле и две сопатнички во возилото М.Т.(30) и И.Н.(75) двете од село Булачани, скопско констатирани од страна на лекар од Комплекс клиники “Мајка Тереза“, информираат од МВР.

Извршен е увид на местото на настанот.