Автомобил удри малолетно девојче, нанесувајќи тешки повреди

На 01.10.2021 во 16.00 чaсот во Скопје на ул.„Владимир Полежановски“ патничко моторно возило „хундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(37) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје.

Малолетничката била пренесена во комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје.