Автомобил удри двајца малолетници во центарот на Скопје

На 19.02.2018 година околу 20.10 часот на крстосницата од ул.„Франклин Рузвелт“ со ул.„Орце Николов“ во Скопје, патничко возило „Фолксваген Пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Д. (37) од Скопје, удрило во двајца пешаци (на возраст од 16 и 17 години) од Скопје.

Од ударот, малолетниците се здобиле со повреди и со други возило биле пренесени во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“.

На 16-годишникот му биле констатирани телесни повреди, додека кај 17-годишникот биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото нанастанот извршила екипа од СВР Скопје.