Автомобил се запали на кружниот тек кај хотел „Континентал“ во Скопје, интервенираа пожарникари

Автомобил се запали попладнево кај кружниот тек на булеварот „Никола Карев“ кај хотел „Континентал“ во Скопје.

По интервенција на противпожарна екипа пожарот е локализиран и предизвикана е само материјална штета.