Трагедија се случила вчера во Охрид откако автомобил излета од патот кај „Елешец“ при што Осумнаесет годишно момче го загуби животот, а 16 годишник е тешко повреден Несреќата, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, се случила синоќа во 01:15 часот, кога автомобилот „Пежо“ кој го управувал охриѓанецот Д.Ц. (18) излетал од патот.
„Д.Ц. починал на местото на несреќата, а смрт констатирал доктор од Итната медицинска помош, додека 16- годишен сопатник од Охрид е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ каде му се констатирани тешки телесни повреди“, вели Димоски.
Увид на местото на несреќата извршија јавен обвинител, судски вештак и полициски екипи. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.