Автобусите на ЈСП викендов со изменет сообраќаен режим

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) извести дека поради одржување на две велосипедски трки викендов ќе има изменет режим на сообраќање на повеќе линии од јавниот превоз за време. 

Режимот на движење на автобусите за во сабота (17.09.2022 год), во период од 17.30 часот до 20.30 часот, поради одржување на велосипедска трка „Куп на Град Скопје" е следен:

Линии 3, 3А и 3Б

Во насока од Аеродром кон Клинички центар/Панорама, од Југодрво ќе продолжуваат право по улица „Кирил и Методиј", па од кај Дом на печат ќе вртат лево по булевар „Мајка Тереза" до Клинички центар/Панорама

во насока кон Аеродром, од Клинички центар/Панорама, по булевар „Мајка Тереза", па ќе вртат десно по улица „Јордан Мијалков", кај „Неуромедика" ќе вртат лево по Јужен булевар до раскрсницата кај Тутунски комбинат, потоа лево по улица „11 Октомври" и ќе продолжуваат по своите редовни траси
Линија 4

во насока од населба „11 Октомври" кон Хром , од улица „11 Октомври" ќе врти лево по улица „Кирил и Методиј", од кај Дом на печат десно по булевар „Климент Охридски", па лево по булевар „Партизански одреди" ќе продолжува по својата редовна траса

во обратна насока, од булевар „Партизански одреди" ќе врти десно по улица „Даме Груев" (позади Собрание на РСМ), улица „11 Октомври" и ќе продолжува по својата редовна траса
Линија 4А

во насока од Усје кон Тафталиџе, од улица „11 Октомври" ќе врти лево по улица „Кирил и Методиј", од кај Дом на печат ќе продолжува право и од кружниот тек кај Католичка црква ќе продолжува по улица „Митрополит Теодосиј Гологанов" по својата редовна траса

во обратна насока, од улица „Митрополит Теодосиј Гологанов", улица „Димитрие Чуповски", па десно по улица „Даме Груев" (позади Собрание на РСМ), улица „11 Октомври" и ќе продолжува по својата редовна траса
Линија 5

во насока од Ново Лисиче кон Ѓорче Петров, од Југодрво ќе продолжува право по улица „Кирил и Методиј", па улица „Митрополит Теодосиј Гологанов" и ќе продолжува по својата редовна траса

во обратна насока, од улица „Митрополит Теодосиј Гологанов", улица „Димитрие Чуповски", па десно по улица „Даме Груев" (позади Собрание на РСМ), улица „11 Октомври" и ќе продолжува по својата редовна траса
Линија 7

во насока од Лисиче кон Карпош, од Југодрво ќе продолжува право по улица „Кирил и Методиј", од кај Дом на печат десно по булевар „Климент Охридски", па лево на булевар „Партизански одреди" и ќе продолжува по својата редовна траса

во обратна насока, од булевар „Партизански одреди" ќе врти десно по улица „Даме Груев" (позади Собрание на РСМ), улица „11 Октомври" и ќе продолжува по својата редовна траса

Линија 15

во насока од Ново Лисиче кон Карпош, од Југодрво ќе продолжува право по улица „Кирил и Методиј", од кај Дом на печат ќе врти десно по булевар „Климент Охридски", па лево на булевар „Партизански одреди" и ќе продолжува по својата редовна траса

во обратна насока, од булевар „Партизански одреди" ќе врти десно по улица „Даме Груев" (позади Собрание на РСМ), улица „11 Октомври" и ќе продолжува по својата редовна траса
Линии 21, 21A и 22

во насока од Транспортен центар кон Бардовци и Волково, од кај Комплекс банки ќе продолжува по булевар „Крсте Петков Мисирков", лево по булевар „Гоце Делчев", булевар „Партизански одреди" и ќе продолжува по својата редовна траса

во обратна насока ќе сообраќаат по истата изменета траса

Линија 23

во насока од Аеродром кон Дом на печат, од Југодрво ќе продолжува право по улица „Кирил и Методиј" до Дом на печат

во обратна насока, од булевар „Мајка Тереза", булевар „Климент Охридски", па десно по улица „Димитрие Чуповски", десно по улица „Даме Груев" (позади Собрание на РСМ), улица „11 Октомври" и ќе продолжува по својата редовна траса

Линија 24

во насока од Кисела Вода кон Тафталиџе, од кај подвозникот ќе врти лево по улица „Кирил и Методиј", кај Дом на печат десно по булевар „Климент Охридски", па лево на булевар „Партизански одреди" и ќе продолжува по својата редовна траса

во обратна насока, од булевар „Партизански одреди" ќе врти десно по улица „Даме Груев" (позади Собрание на РСМ), улица „11 Октомври" и ќе продолжува по својата редовна траса

Линија 25

во насока од Транспортен центар кон Средно Водно, од Југодрво ќе продолжува право по улица „Кирил и Методиј", кај Дом на печат ќе врти лево по булевар „Мајка Тереза" и ќе продолжува по својата редовна траса

во обратна насока, од булевар „Мајка Тереза", улица „Димитрие Чуповски", па десно по улица „Даме Груев" (позади Собрание на РСМ), улица „11 Октомври" и ќе продолжува по својата редовна траса
Линии 27 и 33

во насока од Аеродром кон Дом на печат, од Југодрво ќе продолжува право по улица „Кирил и Методиј" до Дом на печат

во обратна насока, од булевар „Мајка Тереза", булевар „Климент Охридски", па десно по улица „Димитрие Чуповски", десно по улица „Даме Груев" (позади Собрание на РСМ), улица „11 Октомври" и ќе продолжува по својата редовна траса

Линиии 50, 50А, 57, 57А и 59

во насока на Клинички центар/Дом на печат/Козле и Карпош, од постојка Бит пазар ќе вртат десно по булевар „Гоце Делчев", а после мост „Гоце Делчев" и булевар „ВМРО" ќе продолжуваат по своите редовни траси

во обратна насока ќе сообраќаат по изменетата траса

За в недела (18.09.2022 год), во период од 9.30 часот до 14.30 часот, поради одржување на велосипедска трка „Гранд фондо Скопје 2022", линиите 2, 2А, 8, 11, 11А, 12, 18, 19, 56, 56А и 60, ќе сообраќаат по изменети траси од редовните.

Режимот  на движење е следен:

Линии 2 и 2А

во насока од Ѓорче Петров кон Автокоманда, после Соборен храм ќе вртат десно по улица „Даме Груев", па лево по улица „Димитрие Чуповски", улица „11 Октомври", па по улица „Филип Втори Македонски", булевар „Гоце Делчев" и ќе продолжуваат по своите редовни траси

во обратна насока, ќе се движат по истите изменети траси

Линија 8

во насока од Бутел кон Влае, од булевар „Гоце Делчев" кај Мавровка ќе врти лево по улица „Филип Втори Македонски", па десно по улица „11 Октомври", улица „Димитрие Чуповски", десно по улица „Даме Груев", лево по булевар „Партизански одреди", па десно по булевар „8 Септември", лево по булевар „Илинден" и ќе продолжува по редовната траса

Линии 12 и 19

во насока од „Ист гејт"/Бит пазар кон Карпош, од булевар „Гоце Делчев" кај Мавровка ќе вртат лево по улица „Филип Втори Македонски", десно по улица „11 Октомври", улица „Димитрие Чуповски", па десно по улица „Даме Груев", лево по булевар „Партизански одреди" и ќе продолжуваат по своите редовни траси

во обратна насока, ќе се движат по истите изменети траси

Линии 11, 11А, 18, 56, 56А и 60

во насока од Транспортен центар кон Ѓорче Петров, од кај Комплекс банки ќе вртат лево по булевар „Кочо Рацин", десно по улица „11 Октомври", улица „Димитрие Чуповски", десно по улица „Даме Груев", лево по булевар „Партизански одреди" и ќе продолжуваат по своите редовни траси

Во обратна насока ќе се движат по истите изменети траси.