Автобусите на ЈСП денес и утре со посебен возен ред

ЈСП Скопје ги информира граѓаните дека денеска и утре, нивните автобуси ќе работат по неделен возен ред.

Денес (06.01.2026) - Бадник и утре (07.01.2026) - Божиќ, ќе се работи по неделен возен ред.

Денеска дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на:

- Транспортен центар (од 08:00 до 14:00 часот);

- Жичница (од 10:00 до 17:00 часот).

Жичницата во овие два дена ќе работи со вообичаениот термин, од 10 до 17 часот.