Автобусите ќе возат по посебен возен ред до понеделник - ЈСП сподели важни информации за начинот на работа за празничниот период

По повод верскиот празник Велигден, од денеска до понеделник, автобусите од јавниот превоз во Скопје ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Утре билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со редовно работно време. Билетарите кои работат во една смена ќе бидат достапни од 08:00 до 13:00 часот, додека билетарниците и центрите за персонализација кои работат во две смени ќе работат од 08:00 до 18:00 часот.

Денеска и во недела дежурна ќе биде билетарницата на Транспортен центар, со работно време од 08:00 до 14:00 часот. Понеделник е неработен ден за сите билетарници и центри за персонализација.

Жичницата од денес до недела ќе работи со редовно работно време, од 10 до 18 часот, а во понеделник (13.04.2026 год.), вообичаено како и секој понеделник нема да работи.