Автобус удри во кабина на Блаце, возачот не смее да излезе од земјава

 

Автобус со косовска регистрација удрил во кабина на граничниот премин Блаце. 

- На 08.02.2026 во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина, информираа од МВР. 

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка.