Автобус удри дете во Скопје, со тешки повреди пренесено во болница

Вчера во 15.10 часот на ул. „Лука Геров“ во Скопје, веднаш  по крстосницата со ул. „Лазо Дамовски-Ошенски“, автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од Х.Р. (43) од с.Љубин, скопско, удрил во деветгодишно дете од Скопје.

Од ударот детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.