Едно лице загина, а неколкумина се повредени во сообраќајна несреќа во која автобус со патници од Македонија се судри со автомобил во Австрија.

Веста ја пренесе австрискиот портал орф, објавувајќи дека меѓу 28 – те патници во автобусот, кои од Германија се враќале кон Македонија, полесно е повреден само возачот. 

За жал, во несреќата загинал возачот на автомобилот.