Автобус што патувал кон Македонија целосно изгоре, 46-те патници не се повредени

Бугарски автобус, со 46 патници кои патувале кон Македонија, синоќа целосно изгорел на патот меѓу Ќустендил и Граничниот премин Ѓуешево-Деве Баир.

Повредени патници нема, бидејќи сите навреме биле евакуирани и со друг автобус вратени во Софија.

Бугарските медиуми пренесуваат дека автобусот се запалил околу 18:30 часот, но причините не се соопштуваат.

Според првичните сознанија, станува збор за куса врска во електричната инсталација на автобусот. За време на пожарот сообраќајот на патот бил во прекин.