Автобус прегази 78-годишна жена во Скопје

 

Вчера во 07:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Маџари“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која автобус „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управуван од В.Р. (56), удрил во 78-годишната М.П., двајцата од Скопје.

Во несреќата, жената пешак се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.