Автобус на „Дурмо Турс“ се запали на патот Тетово–Гостивар

Автобус на превозникот „Дурмо Турс“ денеска се запали додека сообраќал на автопатот Тетово–Гостивар.

Според првичните информации, пожарот избувнал за време на движењето на автобусот.  На социјалните мрежи и во медиумите се појави видео од инцидентот, на кое се гледа автобусот зафатен од пламен. 

 

 

Поради интервенцијата, сообраќајот на делницата Тетово–Гостивар се одвивал отежнато во изминатите часови.

Причините за пожарот засега се непознати. Повеќе информации од надлежните институции се очекуваат во текот на денот.