Катерина Цонева, жителка на општина Карпош, со демант на објавата од локалната самоуправа за затворањето на автопералната „Делта Центар“.
Таа, како подносител на пријавата до општината Карпош, вели дека оваа автоматизирана автоперална функционира од септември месец 2023 година без одобренија за градење и обавување на дејност и во општина Карпош е поднесено колективно барање на 08.11.2023 година од жителите на булевар Илинден за отстранување на истата.
- Овластениот инспектор за животна средина Гордана Максимовска по пријавата наместо да ги затвори бидејќи немаа дозвола и одобрение за дејност, а и за градење, таа ги задолжува да изготват елаборат за животна средина (по ни еден критериум , а посебно прописите за дозволена близина на спорниот објект до куќи за семејно домување) по поднесување на пријава од наша страна дополнително е доставен елаборат, што е спротивно на правните прописи каде се бара елаборатот да се поднесе кога барателот планира инвестиции ( проекти), а не по отпочнување на вршење на дејноста; Секторот за екологија на 26.12.2023 година по доставениот елаборат носи решение ИП1 57-292 за одобрување на спорниот објект кој се води на фирма ДПТУ ,,ДЕЛТА ЦЕНТАР,, Скопје, а истата нема регистрирана подружница за дејност во Општина Карпош, односно нејзиното седиште и дејноста се наоѓа во Општина Бутел, се наведува во демантот на Цонева.
- Отпадните води истекуваат во дупка до нашата куќа и не се поврзани на одводна канализација и одговор на ова прашање инспекторката Г.Максимовска дека се поврзани на одводна канализација видно од Елаборатот а не од нејзин увид за што е овластена. На седница на Општина Карпош овој проблем го изнесе советничката Татјана Стојановска и одговор од Стевчо Јакимовски беше дека „имаат дозвола и ако ми смета да земам шмајзер да ги убијам“, додава таа.
Општинскиот градежен инспектор Душко Андонов на иницијативата не извршил инспекциски надзор, за што Цонева поднела барање на 07.12.2023 година и бидејќи согласно законот за инспекциски надзор не добила одговор поднела претставка до Државен управен инспекторат и врз основа на таа постапка градежниот инспектор доставил известување дека при вонреден инспекциски надзор констатирал дека е изградена НАСТРЕШНИЦА ЗА КОЈА ИНВЕСТИТОРОТ НЕМА ГРАДЕЖНО ТЕХНИЧКА ДОКУМЕНТАЦИЈА, ОДНОСНО РЕШЕНИЕ ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ (од увидот може да се констатира дека не се работи за настрешница туку за изграден објект кој во Законот за градење согласно член 2 став 2 е наведено „Градба е се што настанало со изградба и е поврзано со земјиштето, а претставува физичка, техничко-технолошка и градежна целина заедно со изградените инсталации, односно опрема“.
- Општинскиот градежен инспектор целата постапка ја води неразумно долго, не ги користи сите законски можности за ефикасно водење на постапката (како на пример повратница од пошта за доставени акти чека со месеци) и одредени дејствија ги превзема само кога за тоа ќе му укаже Управен инспекторат. Последно известие од градежниот инспектор е од 24.12.2024 година дека е извршен контролен инспекциски надзор на 04.12.2024 година и следи Заклучок за дозвола за извршување за „настрешницата“ На последното мерење од испекторката ( до сега има 5 мерења на бучава ) на 23.12.2024 година на кое присуствуваше и советничката Татјана Стојановска , составен е записник од 31.12.2024 година а лентите за забрана на автоматизираната перална се ставени на 09.01.2025 година. Сега останува после една година да се изврши отстранување на ДИВОИЗГРАДЕНАТА АВТОМАТИЗИРАНА АВТОПЕРАЛНА. Врз основа на горе образложеното инспекциските служби при Општина Карпош не постапуваат така ажурно и навремено како што е образложено од нивната објава и не треба да собираат поени од граѓаните туку треба да ја образложат правилната и фактичката состојба, наведува жителката на Карпош.