
Двајца Австријци добија кривични пријави, бидејќи пред кафеана во тетовско нападнале двајца тетовци кои биле вработени во објектот.
Како што се наведува во полицискиот билтен, СВР Тетово поднело кривична пријава против И.И.(34) и М.И.(29) од Австрија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство’’.
На 15.08.2026 пред угостителски објект во село Лисец, по претходна расправија, пријавените физички и со тврди предмети ги нападнале Г.А и Б.Ј, двајцата од Тетово, вработени во објектот.