Австрија започна со санкции за невакцинираните

Тежок период ги очекува Австријците пред важење на Законот за задолжителна вакцинација.

Австриската влада е пред одлука дали, како што е планирано, од средината на месецот ќе почне да го казнува непочитувањето на задолжителната вакцинација против корона вирусот.

Речиси милион граѓани се уште не ги исполнуваат законските обврски.

За повеќе од 404.000 е намален бројот на лица кои не ја исполнуваат законската обврска од стапувањето во сила на задолжителната вакцинација, од 1,3 милиони на 972.289, покажуваат податоците на Министерството за здравство.

Но, таа бројка не е намалена затоа што граѓаните се вакцинирани, туку пред се „благодарение“ на сојот омикрон, заразени и утврдени Ковид19 и со тоа ја исполнуваат законската обврска.

Според Министерството, три четвртини од возрасната популација имаат валиден сертификат за вакцинација.

Тоа се околу 5,69 милиони граѓани, а за споредба на почетокот на февруари потврда имале 5,63 милиони.

Повеќе од двојно се зголеми бројот на луѓе кои го победија Ковид – од 324.000 на 729.000.

Како резултат на тоа, 13 проценти од возрасната популација на Австрија во моментов го прекршуваат законот за задолжителна вакцинација.

Особено високо учество има Виена со 16 отсто, потоа Корушка и Форарлберг со 14 отсто, а Тирол има најмал удел на невакцинирани лица со 11 отсто.

Фактот дека Виена има најмногу луѓе кои го прекршуваат законот за задолжителна вакцинација може да се припише на нејзините построги мерки, бидејќи помалку Виенци се заразиле отколку во другите делови на Австрија, а стапката на вакцинација од 77 отсто е меѓу највисоките.