Авиони над Скопје, силна бучава: Што се случува?

По повод годишнината од полноправното членство на земјава во НАТО, три воени авиони на Алијансата  прелетаа за време на централната манифестација што денеска се одржува во касарната Илинден.

Македонија денеска одбележува една година откако стана членка на НАТО, државна аспирација кон која се тежнееше од осамостојувањето, па се до минатата година. 

На свеченоста земаат збор Претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и командантот на Сојузничката команда на здружените сили на НАТО во Неапол, адмиралот Роберт Бурк.