По повод Денот на воздухопловната бригада АРМ за денеска најавува наледување на градот со 7 воздухоплови.
По добиеното известување од АРМ, РЦУК на Град Скопје ги известува граѓаните дека по повод „10-ти Јуни - ден на Воздухопловната Бригада “ денеска во периодот од 10:40 до 11:30 часот, планирано е надлетување над Градот Скопје со 7 воздухоплови во формација.
Летот на формацијата ќе биде: од Аеродромот Александар Велики, преку централното градско подрачје, до населбата Ѓорче Петров и обратно. Воздухопловите ќе летаат на висина од 100 м.