Авиони гасеа пожар над Страчинци

Авионите на Дирекцијата за заштита и спасување во текот на вчерашниот ден повеќе пати интервенираа во гасење на пожарот кој се појави во месноста наречена Дрезга, над населеното место Страчинци. Пожарот беше ставен под контрола, но поради силниот ветер, карактеристичен за тој планински предел, повторно се активираше.

- Екипи на Против пожарната бригада, на општината и на ДЗС се на терен и пристапија кон повторно гасење на пожарот се додека не биде локализиран. Во текот на ноќта будно ќе се следи состојбата, а во утринските часови повторно ќе бидат активирани и противпожарните авиони на ДЗС - информираше градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски