
Како што се наближува крајот на 2025 година, авијацискиот сектор во регионот се подготвува за историски почеток на новата година.
Речиси сите аеродроми во поранешна Југославија ќе го зголемат својот капацитет во првиот квартал (Q1) од 2026 година, но апсолутни лидери во овој раст се Скопје и Белград.
Двата главни града ќе забележат најсилен раст во регионот, додавајќи по повеќе од 200.000 седишта во споредба со истиот период лани. Главен мотор на оваа експанзија е „препородениот“ Wizz Air, кој агресивно ги враќа капацитетите на пазарот.
„Виз Ер“ со силна офанзива во Скопје
Нискобуџетната авиокомпанија е клучниот фактор за растот во двата града. Според податоците:
Освен во главните центри, „Виз Ер“ го поттикнува растот и на помалите аеродроми во регионот, вклучувајќи ги Охрид, Тузла, Ниш и Бања Лука.
Загреб: „Кроација ерлајнс“ го презема приматот од „Рајанер“
Загребскиот аеродром ја заокружува водечката тројка, но со поинаква динамика. Таму, главниот двигател на растот е националниот авиопревозник Croatia Airlines, кој е во процес на транзиција кон унифицирана флота и ширење на мрежата.
Регионален преглед: 7,5 милиони патници и нови линии
Вкупно, пазарите на поранешна Југославија ќе понудат 7.514.798 седишта на редовни летови во текот на првиот квартал од 2026 година, распоредени на 48.428 операции. Ова претставува вкупен регионален раст од 20,9%.
Топ дестинации: Кога се гледа регионот колективно, Истанбул е апсолутен лидер:
Нови линии: Патниците ќе имаат пристап и до рути кои не беа достапни претходната година. Меѓу позначајните се: