Двајца исклучителни музичари од Америка, пијанистот Ричард Валитуто и саксофонистот Дејв Вилсон вечерва (1 декември) во 20 часот, ќе одржат концерт насловен “Авангардни патишта” во малата сала на Македонската филхармонија. Станува збор за концерт на современа, експериментална музика, кој ќе се одржи на 1 декември (сабота) во 20 часот.

Валитуто и Вилсон за првпат настапуваат во Скопје, а на сцената ќе ги изведат делата на современи автори, Ребека Саундерс, Филип Качиан, Џон Кејџ…, но и композицијата “Слант” која се наоѓа и на нивниот последен албум.

Фокусирајќи се на современата музика, изведувајќи ја на пијано, оргула и чембало, греми номинираниот пијанист Ричард Валитуто се смета за еден од највлијателните автори денес.

Дејв Вилсон е саксофонист, композитор и етномузиколог.