„Авалон“ го носи проектот „Џетро тал“ во Источна Европа

Oваа јубилејна година во која  Авалон слави 25 години, ќе ја направи историска.


-Затоа носиме проект кој е антологиски и за кој сме уверени дека ќе им значи на многу генерации! Ја имаме таа привилегија да потпишеме договор лично со Ian Andreson, според кој Авалон ќе ги организира сите концерти на JETHRO TULL во овој дел на Европа, на нивната јубилејна турнеја!, велат од продукцијата.

Редоследот на концертите и градовите е следен:

13 октомври- Загреб- Дом Спортова
14 октомври- Белград- Сава Центар
16 октомври- Скопје- СРЦ Кале
17 октомври- Софија- НДК

За скопскиот концерт ја одбравме салата во СРЦ Кале бидејќи се покажа како одлична за концертите на Simple Minds, Apocalyptica и Morrissey, во комбинација со стоење и седење.

Билетите се во продажба онлајн на avalon.mk, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија и во Југотон, по следниве цени и категории:

ПАРТЕР – 1000 денари
ФАН ПИТ – 1500 денари
ТРИБИНИ (седење) – 2000 денари

Овој култен британски рок бенд, кој има снимено 30 албуми досега, а ги има продадено во над 50 милиони примероци, конечно доаѓа и во Скопје, во рамките на турнејата „50 years of Jethro Tull“.
Се гледаме на 16-ти октомври, во СРЦ Кале!