Познатиот македонски доктор Владимир Трајковски, кој е генетичар, професор по Хумана генетика, Физиологија со функционална анатомија, Медицински основи на инвалидноста и Аутизам и претседател на Македонското научно здружение за аутизам со порака до родителите на деца со аутизам.
Упати предупредување до нив да не наседнуваат на измами со наводни лекови за нивните деца!
- Драги родители на деца со АСН, Ве молам не наседнувајте на разни профитери и не ги трујте Вашите деца со: варова вода, етиленско сино, Ивермектин и слични работи. Нема никакви научни и медицински докази дека со тоа се третира аутизмот. Ви благодарам на довербата! - порача тој на својот фејсбук профил.