Астрономско предавање за најмоќната ракета „Артемис 1“

За 29-ти ноември е закажано предавање за „Артемис 1“, во предавалната 110 на ФЕИТ - (Електро факултетот) во Скопје. 

Предавањето ќе започне во 18.45 часот, а на него сите заинтересирани ќе може да слушнат повеќе за подготовките на целата програма „Артемис 1“,  вести „во живо“ од самата мисија, најнови снимки и фотографии, како и идните планови  што ги има НАСА околу оваа програма.

На 16 ноември, после повеќегодишни подготовки конечно се виде полетувањето, на сега најмоќната ракета лансирана од човештвото, СЛС – Space Launch System или со името Артемис / Артемида 1.

Покрај тоа, ќе се зборува и за развојот на неколку други ракети, кои исто така ќе можат да носат луѓе во Вселената и да одат на мисии до Месечината и назад, а се развиваат од приватни компании како Space X и Blue Origin.

Организаторите од Скопското астрономско друштво, повикуваат сите заинтересирани за вселенски програми, да дојдат и да слушнат нешто ново и интересно.