Астролошки профил на најхаризматичниот хороскопски знак

Родените во знакот Лав се едни од најхаризматичните луѓе околу нас.

Тие блескаат со неверојатна харизма  и самодоверба каде и да се појават и мошне брзо стануваат центар на вниманието. Иако го сакаат тоа, за нив тоа доаѓа ненаметливо поради нивниот карактер, насмевка и интересни шеги. 

Лавовите се управувани од Сонцето и тие важат за едни од најсреќните знаци во зодијакот. Тие се лојални личности кои уживаат кога се сакани и обожавани а освен тоа ќе ги препознаете по нивниот оптимизам и став со кој се однесуваат како можат да го освојат светот. Така и успеваат во тоа, што и да замислат станува реалност, бидејќи тие силно веруваат во себе и не се плашат од тоа да се изборат за она што им значи. Родените во овој знак не чекаат работите да им паднат од небо и силно се борат за работите во нивниот живот. Затоа и најчесто се успешни на многу полиња.

Лавовите се силно фокусирани на тоа што го прават и секогаш се трудат да бидат најдобрата верзија од себе. Тешко е да се одолеее на нивниот шарм и да им се каже не. И покрај тоа што често луѓето мислат дека тие имаат силно его, сепак Лавовите се едни од најљубезните личности кои ќе ги запознаете, а ако ве засакаат, ќе ја почувствувате нивната љубов од моментот кога ќе ви го дадат срцето.

Во љубовта се одлични љубовници, но воопшто не им е страв да бидат сами бидејќи се мнгу независни личности. Ако решат да се во врска, тие се целосно посветени и со нив љубовта е како романса од филм. Лесно ќе ги изгубите ако ги лажете и изневерите и тие тоа ќе го сфатат многу сериозно, како нож во грб. 

Често знаат да бидат драматични и веруваат дека животот е краток, па затоа со нив никогаш не е здодевно. Тие имаат голем круг на пријатели поради нивниот силен карактер и самодоверба и фактот дека покрај нив секогаш ќе се чувствувате добро и сакано. Нивното присуство е како сонце кое ви го грее срцето. 

Нивните среќни броеви се 1, 4 и 6, а нивниот природен знак е во петтата куќа која е фокусирана на спортот, децата, забавата, креативноста, љубовта и романсата. Нивна боја е златната, а во љубовта највеќе си одговараат со Овните и Стрелците. Понекогаш го сакаат сето внимание за нив, па не секој може да ја издржи нивната потреба да бидат сакани и ценети постојано. Затоа и тие не си одговараат најмногу со Биковите и Шкорпиите.

Она што го сакаат во животот се авантури, луксуз и удобност, но и комплименти и убави зборови, а не сакаат досада и луѓе кои постојано се плашат да живеат и кои се скржави. 

Ако имате Лав во вашиот живот треба да знаете дека и покрај тоа што не делува така, често нивниот вистински карактер и тајни се скриени под површината, па за да ви веруваат ќе треба навистина да им ја докажете својата лојалност и да оставите трага во нивниот живот.