Денес на сила доаѓа посебен астролошки феномен – Венера и Уран прават квадрат на небото, со Венера во Лав и Уран во бик, а тоа значи едно – силна страст и чувства.

Венера во Лав носи големи гестови, љубов, слушање на срцето и не се плаши од проблеми и врева. Подготвена е да се бори против сите нешта за да го добие тоа што го сака. Од друга страна пак, Уран ни помага да бидеме рационални и да донесуваме промислени одлуки.

Комбинацијата на Уран и Венера ќе не натера да се запрашаме што е навистина важно во емоционалнит еодноси и колку слободата ни значи во животот и врските. Оваа недела е одлична за оние кои сакаат романса и се трудат да излезат од рутината во врските. Ќе си дадете крила да експериментирате и скусите нови нешта. Ве очекува феноменален секс.

Ако имате неостварена фантазија, сега е моментот да ја споделите со партнерот. Тоа исто така е и период кој го означува почетокот на романтичната летна сезона – подгответе се за флерт, нови симпатии, шармантни пораки, ненадејни додворувања.