Аспазија Софијанова најавува враќање во политиката: На наредните избори планира да се кандидира

Доктор Аспазија Софијанова планира да се врати во политиката. Ова таа самата го потврди неодамна во гостување на ТВ Телма. Запрашана дали планира да се кандидира на претстојните избори таа одговори дека треба да размисли, но да, отворено кажано.

Не сакаше да одговори на прашањето дали веќе има некои понуди.

- Нека остане така. Како што не ја кажав ни личноста, но очигледно дека да. Ќе одам кон тоа да можам да помогнам, мене целта ми е да помогнам. Тоа ми е мисијата дадена. И покрај сите овие неправди, ќе се издигнете како феникс, веројатно тоа ми е карактеристика. Ќе паднеш, некои не издржуваат многу работи кои јас сум ги поминала во животот, ама на крајот на денот ќе станеш.