Ашваганда – суперхрана за младоликост и долг живот

Дали сакате да спиете подобро, да изгледате помладо и живеете подолго? 

Одговорот лежи во една билка која што потекнува од индиската традиционална медицина, или ајурведа. Се нарекува и индиски женшен или зимска цреша, а e мала билка со жолти цветови, која помага во обновување на клетките. Најчесто треба да се зема со мед или пак да се додаде во пијалоци, енергетски бомбици и какао. Богата е со аминокиселини и витамини што ни помага да се справиме со физичкиот и менталниот стрес со кој се соочуваме секојдневно. 

Освен тоа, ашвагандата е и моќен сексуален стимулант. Многу истражувања покажуваат дека оваа билка го зголемува лачењето на тестостеронот и го подобрува сексуалното здравје. 

Долго време, оваа билка е и моќен сојузник на спортистите особено во однос на градење сила и издржливост, како и опоравување од повреди. Истражувањата потврдуваат дека таа ги подобрува и мозочните функции – вклучувајќи го вниманието и концентрацијата, но и дека го забавува развивањето на Алцхајмеровата и Паркинсонова болест. 

Ашвагандата може да смири и даде енергија истовремено. Тоа е така бидејќи таа има моќ да ги намали нивоата на анксиозност, благодарение на состојката сhyawanprash.  Вториот дел од нејзиното ботаничко име Withania somnifera придонесува таа да помага во однос на заспивањето и сонот, без лошите ефекти кои можат да произлезат од лековите за спиење. 

Нејзините моќни антиоксидантни својства ја прават да е одличен лек против акните, воспаленијата на кожата, исечениците и раните.