Асфалтирањето на пешачките и велосипедските патеки во Маџари

Деновиве започна асфалтирањето на пешачките и велосипедските патеки на дел од улицата Благоја Стефковски во Маџари.

Градежните работи се изведуваат на потег од крстосницата кај улиците 15.Корпус и Методија Андонов - Ченто до крстосницата со улицата Петре Филиповски – Гарката и свртувањето кон улицата Перо Наков и Металски Завод – Тито, во вкупна должина од 870 метри.