Асфалтирање на новиот кружен тек во Чаир

Екипите на Град Скопје денеска започнаа со асфалтирање на новиот кружен тек во Чаир, кој се гради меѓу улиците Втора македонска бригада и Кемал Сејфула.

Локацијата каде се гради овој кружен тек е избрана поради големиот сообраќаен метеж тој се создаваше, како и поради тоа што во неговата близина се наоѓаат основно и средно училиште, како и Поликлиниката „Чаир“.