Асфалтирани и реконструирани улици во Љубанци, најавена реконструкција и на останатите

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски информираше дека се асфалтирани и реконструирани улици во населеното место Љубанци.

Тој во објавата на социјалните мрежи посочи дека наскоро ќе започнат со реконструкција и на останатите улици во ова населено место.

„Градежната офанзива се одвива со силна динамика. Продолжуваме и во останатите населени места кои што се опфатени со големата градежна офанзива. Асфалтираме и реконструираме 70 улици и вложуваме 150.000.000 денари“, истакна Костовски.