Асфалтирана улица „4“ во Ајватовци (фото)

Општина Илинден интензивно работи на подобрување на локалната патна инфраструктура. Во рамките на реализацијата на програмата за изградба, реконструкција, санација и рехабилитација на локалните улици и патишта санирана и асфалтирана е улица „4“ во должина од 130 метри.

Со ова на жителите од населеното место Ајватовци им се овозможува подобра, побезбедна и побрза комуникација.

Со санацијата на оваа улица што е од големо значење за локалното население, Општина Илинден продолжува со инвестирањето во локалната патна инфраструктура како еден од приоритетите во насока на рамномерниот развој и подобрувањето на квалитетот на живеење во сите 12 населени места.