
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски вчера информираше дека целосно завршиле со асфалтирањето на нова улица која ги поврзува Волково и Кисела Јабука.
Новата сообраќајна врска, како што посочи тој, е во должина од 800 метри.
„Денот го завршуваме со целосно асфалтирање на 800 метри комплетно нова сообраќајна врска, помеѓу Волково и Кисела Јабука. Жителите нема повеќе да голтаат прашина и да газат во кал, создаваме услови за генерациите кои доаѓаат, за развој и модерно живеење“, стои во Фејсбук објавата на Стојкоски.