Асфалтиран кракот на улицата „Истарска“ во Ново Маало

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски утрово информираше дека го асфалтирале кракот на улицата „Истарска“ во Ново Маало, на површина од 378 квадратни метри.

„За жителите ова значи поуреден пристап до домовите и полесно секојдневно движење“, посочи тој.

Герасимовски воедно нагласи дека и помалите улични краци се важни, затоа што секој заслужува уредена улица пред својот дом и порача дека ќе продолжат со уредување на улиците низ Центар.