Асфалтиран коловозот на булеварот „Киро Глигоров“ на потегот од мостот Близнак до крстосница со улица Перо Наков

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, објави дека денеска се става завршниот слој од асфалтот на коловозот на булеварот „Киро Глигоров“ на потегот од мостот Близнак до крстосница со улица Перо Наков.

Претходно беше поставена атмосферска и фекална канализација 

Шилегов потсети дека пред само 3 години по должината на целиот булевар беше изградена и велосипедска патека, која заедно со велосипедската патека на бул. Србија, како и оние на бул. Јане Сандански, АСНОМ и Александар Македонски, претставува важен велосипедски коридор кој ги поврзува Гази Баба, Аеродром и Кисела Вода.