Асфалтиран и обележан проширениот булевар Х.Т. Карпош во Чаир

Заврши асфалтирањето на булевар Х.Т. Карпош во Чаир.

Булеварот Христијан Тодоровски Карпош во Чаир што во изминатиов период се прошируваше и реконструираше на потегот од крстосницата со булеварот Џон Кенеди до улицата Рокомија е асфалтиран, а обележана е и хоризонталната сигнализација.

Проширувањето на овој булевар значително ќе го олесни одвивањето на сообраќајот во овој дел од градот и ќе го намали метежот.