Артан Груби и судијата Енвер Беџети опфатени со црната листа на САД

Американскиот Стејт Департмент денеска објави 14 нови лица за вклученост во значителна корупција, меѓу нив и двајца од Македонија, Артан Груби и Енвер Беџети.

Поранешниот вицепремиер Артан Груби и апелациониот судија Енвер Беџети јавно се означуваат за нивната вклученост во значителна корупција со прифаќање мито за нарушување на судските процеси поврзани со кривичното осудување на Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК, соопшти Стејт Департментот.

Од Стејт Департментот додаваат дека опфатени се и членовите на најблиското семејство на Груби. Мијалков, исто така, беше означен од Стејт Департментот за значителна корупција во 2022 година.