Арсовска на увид на реконструкцијата на „Рузвелтова“

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска вчера изврши увид во градежните работи на ул.„Рузвелтова“, која се реконструира на потегот од булевар „Илинден“ до булевар „Партизански одреди“.

-Реконструкцијата на „Рузвелтова“ во оваа фаза е со рок на изведба од два месеци, а се простира на површина од 7.350 м2 и должина од 600 метри, со што ќе се овозможи зголемена безбедност и сигурност на сите учесници во сообраќајот.

Покрај нов коловоз, се работи на стабилизирање на основата на улицата со што се избегнува неквалитетна изведба која може да доведе до пропаѓање на истата, а пешачката зона ќе добие нов, модерен лик со соодветно хортикултурно уредување, информираат од Град Скопје.