Арсовска во посета на средното училиште „Лазар Танев“

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска вчера во средното училиште на Град Скопје „Лазар Танев“ го посети кабинетот за слаткарство, во кој секојдневно се реализира квалитетна практична настава, а учениците се стекнуваат со нови вештини и знаења во областа на слаткарството.

- Се сретнав со посветените и вредни млади луѓе од паралелките од Угостителско туристичка струка слаткари и готвачи, кои ни презентираа дел од своите вештини, со кои разговаравме за нивните успеси, за квалитетот на нивните производи и за важноста на средното стручно образование. Учениците од оваа мултинационалната паралелка својата иднина ја гледаат во кулинарството како професија со висок потенцијал за личен развој.

Во средното училиште на Град Скопје „Лазар Танев“ покрај реконструкцијата на спортското игралиште, продолжуваме и со нови проекти за опремување и развој на капацитетите на училиштето за практична настава, со цел обезбедување повисок квалитет на условите за одвивање на наставниот процес, информира Арсовска.