Арсовска вечерва на средба со првенците на генерациите

Традиционална манифестација „Средба на првиот со најдобрите” ќе се одржи вечер на Лeтната сцена „Школка” во Градскиот парк, под покровителство на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, а во организација на Дирекцијата за култура и уметност.

Манифестацијата ќе се одржи во рамки на програмските активности на Градот Скопје во сферата на образованието, во функција на пошироката јавна промоцијата и афирмација на врвните постигања на средношколците, а на иницијатива на Секторот за образование на Град Скопје.

 На манифестацијата градоначалничката Арсовска на 29 матуранти – првенци на генерацијата 2018-2022, 2019-2022 и првенци на генерација за особени постигнувања и резултати во процесот на инклузија од 23 скопски средни училишта ќе им врачи специјални признанија и парична награда.